МАКЕДОНСКА ПАСТРМКА И ВРЕТЕНАР ЗАШТИТА, РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И РЕИНТРОДУКЦИЈА ВО ВОДИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Benzer belgeler

NOVUS LIFE JAKA НОВУС ЛАЈФ ЈАКА

ПРЕДГОВОР. Овој Основен турско-македонски речник е подготвен според најфреквентните зборови во секојдневниот разговорен јазик и во училишните книги.

FERAH ALÜMİNYUM TİC.LTD.ŞTİ Компанија од Турција специјализирана за производство на алуминиумски делови (додатоци) и други производи од алуминиум.

АХМЕТ ШЕРИФ. Област на истражување Историја на османско-турскиот период

BAŞSİAD BAŞİSKELE SANAYİCİ VE İŞ ADAMLARI DERNEĞİ MAKEDONYA ÜSKÜP/ KOSOVA-PRİŞTİNE TRIP EXHIBITOR LISTS

ÇAĞDAŞ TÜRK EDEBİYATI. Prof. Dr. Mahmut ÇELİK Yrd. Doç. Dr. Zeki GÜREL

ОСНОВЕН МАКЕДОНСКО-ТУРСКИ РЕЧНИК TEMEL MAKEDONCA-TÜRKÇE SÖZLÜK. Министерствп за култура на Република Македпнија

Клучни зборови: Нусрет Дишо, детска литература, расказ, Црниот Исмет, животни.

İÇİNDEKİLER СОДРЖИНА. Önsöz... 8 Предговор Kitapla Setiyle İlgili Açıklayıcı Bilgiler Корисни информации за комплетот книги...

ПОМОШНИОТ ГЛАГОЛ сум ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ПОМОШНИОТ ГЛАГОЛ i- ВО ТУРСКИОТ ЈАЗИК

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

ГРАМАТИЧКА СТРУКТУРА НА РЕЧЕНИЦАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ТУРСКИОТ ЈАЗИК. Марија Леонтиќ Универзитет Гоце Делчев,Филолошки факултет, Штип, Македонија

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДОВИ И НИВНИОТ ОПИС ВО ДЕЛОТО ПАТОПИСИ НА ЕВЛИЈА ЧЕЛЕБИ. доц. д-р Марија Леонтиќ

First prize. for the translation from English into Macedonian of parts from Dodger by Terry Pratchett. Gjurgica Ilieva and Marija Spirkovska

ЛИЧНИТЕ ЗАМЕНКИ ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ТУРСКИОТ ЈАЗИК. Клучни зборови: лични заменки, падеж, македонски, турски. 1. Вовед

ТУРЦИЗМИТЕ КАКО ЈАЗИЧНА И КУЛТУРНА НИШКА ПРИ ПРЕВОД НА ЛИТЕРАТУРНИ ТЕКСТОВИ ОД ТУРСКИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

CHARACTERISTICS OF TURKISH AND MACEDONIAN PROVERBS. Marija Leontik TÜRKÇE VE MAKEDONCA ATASÖZLERİNİN ÖZELLİKLERİ

СТАНДАРДНОЈАЗИЧНАТА НОРМА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ТРАНСКРИПЦИЈАТА НА ТУРСКИТЕ ЛИЧНИ ИМИЊА

БИЗНИС ИНФО КРИЗАТА НЕ ГО СТИВНА ИЗВОЗОТ НА РУДНИЦИТЕ ПРИРОДАТА ВО ЧИНИЈА СЕКОЈ ДЕН! БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЧИТАТЕЛИТЕ ПРЕПОРАЧУВААТ

По традиција Божиќ не се празнува без ништо ново за дома. Да го избереме заедно!

Број мај 2013, понеделник година LXIX

İÇİNDEKİLER СОДРЖИНА. Boş Arsalar ve Çocuk Bahçeleri. Празните парцели и детските игралишта. Serçe ile Kırlangıç. Врапчето и ластовичката

Aynı Tadı Paylaşmak: Türkiye ve Makedonya Ortak Geleneksel Yemek Kültürü Projesi (2009)

Büyüyünce Metin: Eva S. Maurer Çizim: Aleksandar Sotirovski

KEREM DÜNYA GEZİSİNDE. Metin: Halina Krouk Çizim : Rolandas Bilinskas

Број ноември 2015, четврток година LXXI

2

Eleventh International Scientific Conference KNOWLEDGE IN PRACTICE December, 2016 Bansko, Bulgaria

Lilyana Stoykovska Elitsa Jupanoska PAZARLAMA DÖRDÜNCÜ SINIF İÇİN. Mesleki Eğitim İktisadi - Hukuki ve Ticari Eğitim

Bizim İlk Kütüphanemiz deki bu hikayenin ilk sayfalarına hoş geldiniz.

YETERLi VE ADIL TEMSiL İLKESİNİN UYGULAMASI: VATANDAŞ ALGISI ПРИМЕНА НА НАЧЕЛОТО НА СООДВЕТНА И ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ: ПЕРЦЕПЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ

Инфо билтен издание бр. 14/2011. Страна 1 од 32

Пополнете го пријавниот лист што може да се преземе од вебпорталот: Огласувајте во Бизнис огласник на Стопанската комора на Македонија:

ULUSLARARASI VİZYON ÜNİVERSİTESİ GOSTİVAR MAKEDONYA CUMHURİYETİ

Bizim İlk Kütüphanemiz deki bu hikayenin ilk sayfalarına hoş geldiniz.

Herkes için Portakallar HERKES IÇIN PORTAKALLAR

SON ŞİİRLERİ ПОСЛЕДНИ ПЕСНИ

Haydi İşe Gidelim. Aude Maryan. Brunel Mançek. Metin: Çizimler:

Ertan Kaybolmak İstiyor

Нова наставна програма за прво одделение

Bizim İlk Kütüphanemiz deki bu hikayenin ilk sayfalarına hoş geldiniz.

YABANCI DİL BİLGİSİ SEVİYE TESPİT SINAVI (YDS) (İlkbahar Dönemi) BULGARCA 6 NİSAN 2014

BİR KÖPEĞE SAHİP OLMAK. Metin: İvona Brejinova Çizim: Zaur Deisase

Bizim İlk Kütüphanemiz deki bu hikayenin ilk sayfalarına hoş geldiniz.

Özet. Konu: Atatürk ün Çocuk Sevgisi

Büyülü Koltuk. Gordana. Mişevska. Aleksandar Sotirovski. Çizimler: Metin:

OYUNCAK BEBEĞİN BURNU Metin: Miranda. HaciyaÇizim: Ursula Kohrer

ПОЗДРАВИ. Здраво MERHABA мер(х)аба. Добро утро! GÜNAYDIN! гјунајд`н. Добар ден! İYİ GÜNLER! ији ѓунлер! Добро вечер! İYİ AKŞAMLAR! ији акшамлар!

TEKERLEKLİ SANDAYLELİ KIZ

* ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на виното

Metin: Karolin Hudikor Çizimler: İsmer Senkilus

БИЗНИС ИНФО. Алтернативни пазари МОСТ ПРЕКУ БОСФОР ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ

MAKANİ. 20 Metin. ve Çizim: Maryan Mançek

ATATÜRK, TÜRK DİLİ VE YAZI İNKILÂBI ATATURK, TURKISH LANGUAGE AND THE ALPHABETIK REVOLUTION

KARANLIK. Metin: Rozana Bagdasariyan Çizim: Manana Morçiladze

Benek ve Gözlükleri. Metin: İvona Brejinova Çizimler: Mentor Lapaştista

Polat a Kardeş Geliyor

HUTBE RİYÂKÂRLIK. ticede bu kişilere kimse güvenmez.

MAKEDONYA TÜRK ATASÖZLERİ VE MAKEDON ATASÖZLERİ ARASINDAKİ ORTAKLIKLAR Selçuk Kürşad Koca * Özet

M O N O G R A F İ S İ

Нова наставна програма за трето одделение

Makedonya'da Tanınmış Yapılar, Yerler, Ürünler ve Etkinlikler. Rehberi

THR9 Ex - Safety Instructions. THR9 Ex - Безбедносни инструкции. THR9 Ex - Bezbednosna uputstva. THR9 Ex - Güvenlik Talimatları

АНТОЛОГ од ул. Киро Димушков бр. 40-б Скопје Република Македонија

СОДРЖИНА. Osman Baymak ın Şiiri Поезијата на Осман Бајман Песна за жената Песна за жената Песна за жената 9...

Нова наставна програма за второ одделение

Bulgar Dili ve Edebiyatı Bölümü Hazırlık Sınıfı Ders Programı. Güz Yarıyılı

ДВЕ ДЕЦА БЕСПЛАТНО ВО ХОТЕЛ

Pomak Dili, Kültürü, Tarihi, Haber ve Yorum Gazetesi Aylık Gazete Kasım 2014 Sayı: TL KARACAOVALI AZİZE SVETA ZLATA NIN HİKÂYESİ

İ İ İ ü ü ğ ş İş ç ç ş ğ ğ ü İ ü ü ü ü ğ ş ş ğ ç ş ş ö ğ ö ü ş ö ö ş ğ ğ ğ ş ç ş ç ğ ç ğ ş ç ğ ç ş ş İ ç ç ş ç ş ğ ö çü ğ ş ğ ğ ğ ş ğ ş ç ç İ ç ş ş ğ

UMUT. Hazırlayanlar Prof. Dr. Mahmut ÇELİK M-r. Ümit SÜLEYMANİ

MAKEDON DRAM ESERLERİNDE TÜRKÇE LEKSİK UNSURLAR

ВИСОКА ШКОЛА ЗА ВАСПИТАЧЕ СТРУКОВНИХ СТУДИЈА АЛЕКСИНАЦ НАШЕ СТВАРАЊЕ

TÜRÜK Uluslararası Dil, Edebiyat ve Halkbilimi Araştırmaları Dergisi 2015 Yıl:3, Sayı:6 Sayfa: ISSN:

Продажба на апартаменти, гаражи и търговски обекти KIRCAALİ HABER. recinin Cebel'den başlaması nedeniyle gururlu ve onurlu olduklarını dile getiren

MAKEDONYA'DA OSMANLI'NIN KÜLTÜREL ETKİLERİ ОСМАНЛИСКИТЕ КУЛТУРНИ БЕЛЕЗИ ВО GJURMËT KULTURORE OSMANE NË

NAZAR EMLAK'TAN TURGUTREİS MERKEZ'DE DENİZE 0 VİLLA REF Muğla / Bodrum

Mariya Leontiç MAKEDONCA-TÜRKÇE VE TÜRKÇE-MAKEDONCA KONUŞMA KILAVUZLARININ TÜRKÇE VE MAKEDONCANIN ÖĞRENİLMESİNDE YARARLARI

Hutbe İBADETLERDE DEVAMLILIK. dünyadaki asıl amacımız Allah a ve O nun rızasına kavuşmaktır.

Yayında geçen bilgiler ve görüşlerden tamamen yazarları sorumludur ve bu bilgi ve görüşlerden UNESCO Türkiye Millî Komisyonu sorumlu değildir.

PROTOCOL ON INTERNATIONAL EDUCATIONAL COOPERATION. between. YILDIZ TECHNICAL UNIVERSITY Istanbul, Republic of Turkey. and

Osmanlı Divan Şiirinde Gazeller

Kırcaali Haber. aradıklarını söyledi. Başkan: Dıjdino Pepelişte yol bölümünün. iyileştirilmesini yaparken, gelecekte oraya

A-Link. Başlangıç Seviye Rusça Derslerinin Alıştırmaları 17.Ders

Kırcaali Haber. Kültür ve Eğitim Bayramı gibi günler kutlanır. Bunlar vatanımızın resmi bayramlarıdır. Ülkenin her çapında törenler

БИЛАНС УСПЕХА. Реализација. Планирано за текућу _2013 годину. претходној 2012 години

опёвк вшп кмв ДИН СОЦИОЛОГИЯСЫ ИЗИЛ ОеЛеРуНФ ЖЛЛПЫ АНАЛИЗДОО Копч ч

Продажба на апартаменти, гаражи и търговски обекти KIRCAALİ HABER

Entegre Edilmiş Elektronik Yoklama Bilgi Sistemi

Kırkpınar Kültürünü Tanıtma ve Yaşatma Derneği. Kırkpınar Yağlı Güreşleri Festivalimizin Yenilikçi Yöntemler ile Tanıtımı Projesi

MAKEDONCADAKİ TÜRKÇE FİİLLERİN YAPILARI VE KULLANILIŞ ŞEKİLLERİ THE STRUCTURE AND THE USE OF THE TURKISH VERBS IN THE MACEDONIAN LANGUAGE

Psikolojik Danismanlik ve Rehberlik. Psikolojik Danışmanlığın Temelleri. Enderun Kitabevi, İstanbul Дополнителна Литература

NAZAR EMLAK'TAN TURGUTREİS MERKEZ'DE DENİZE 0 VİLLA REF- ŞT-0005 Muğla / Bodrum

ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ ğ Ç ğ ğ ğ ğ ğ ğ

Başvuru: Türkçe - Bulgarca. Съществителни имена. работа на непълно работно време. изпитателен срок

Bewerbung: български - турски. работа на непълно работно време

НAСТAВНИ ПРОГРAМИ ЗA IV ОDDEЛEНИE ВО DEВEТГОDИШНО ОСНОВНО ОBРAЗОВAНИE

Kırcaali Haber. Kırc aali Belediye Başkanı Müh. Hasan Azis, bütçenin sadece. kriz ortamında mali verilere göre değil, büyük. projelerin ve insanla-

Transkript:

Проф. д-р Васил Костов Дипл. инг. Миодраг Пешиќ МАКЕДОНСКА ПАСТРМКА И ВРЕТЕНАР ЗАШТИТА, РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И РЕИНТРОДУКЦИЈА ВО ВОДИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје, 2015

ИЗДАВАЧ: Македонска Риболовна Федерација Скопје Бул. Кочо Рацин бр.75 1000 Скопје contact@mrf1952.mk // www.mrf.mk Наслов: МАКЕДОНСКА ПАСТРМКА И ВРЕТЕНАР ЗАШТИТА, РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И РЕИНТРОДУКЦИЈА ВО ВОДИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Автори: Проф. д-р Васил Костов Дипл. инг. Миодраг Пешиќ Лектор: Георги Геогиевски Коректор: Алена Георгиевска Графичко и ликовно уредување: Благоја Богатиноски Фотографии: Васил Костов Димче Мајковски Координатори на проектите: Миодраг Пешиќ Кирил Нацевски Асистенти на проектите: Ленка Манева Менче Митковска Консултанти на проектите: Проф. д-р Васил Костов, проф д-р Раде Русевски, проф. д-р Милица Ристовска, д-р Ивица Панчевски Тираж: 500 примероци Генерален финансиер: Глобален еколошки фонд (ГЕФ) Програма за мали грантови (ПМГ) Global Environment Facility Small Grants Programme (GEF SGP) Macedonia 2

СОДРЖИНА I ДЕЛ МАКЕДОНСКА ПАСТРМКА Salmo macedonicus (Караман, 1924)... 7 За проектните активности... 9 Главна цел... 9 Специфични цели... 9 Активности... 10 Спроведување на проектните активности... 10 1. Подготовка... 10 3. Вештачки мрест и инкубирање на оплодената икра... 14 4. Одгледување на личинките и подмладокот... 16 5. Порибувања на риболовните води... 17 РЕЗИМЕ... 24 Значење... 25 II ДЕЛ ВРЕТЕНАР Zingel balcanicus (Karaman, 1937)... 26 Основни податоци за вретенарот... 26 За проектните активности... 28 Прва фаза Потрага по вретенарот... 28 Главна цел... 28 Специфични цели... 28 Активности... 29 1. Обезбедување и набавка на опрема... 29 2. Организирање и изведување на ловењето... 29 Втора фаза Заштита и реинтродукција на вретенарот... 35 Главна цел... 35 Специфични цели на проектот... 35 Активности и постигнати резултати... 36 1. Подготовка и ловење... 36 2. Транспорт... 38 3. Создавање услови за чување... 38 3

4. Одгледување... 40 5. Размножување... 41 6. Резиме... 42 Факти, закани и опасности... 42 Следни планови и задачи за иднина... 43 РЕЗИМЕ И ЗАКЛУЧОК ОД СПРОВЕДЕНИТЕ ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ НА МРФ... 44 Основни податоци за учесниците во проектите... 45 4

ВОВЕД Македонската риболовна федерација (МРФ) во периодот од 2008 до април 2015 година, во соработка со Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) Програма за мали грантови (ПМГ), Институтот за сточарство Завод за рибарство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Градот Скопје и повеќе риболовни здруженија од Република Македонија, реализираше проектни активности за заштита на два загрозени автохтони и ендемични вида риба: 2008 2010: Проектни активности за заштита, ревитализација и реинтродукција на македонската пастрмка Salmo macedonicus (Karaman, 1924) во водите на Република Македонија; 2012 2015: Проектни активности за одредување еколошки статус и ex-situ заштита и реинтродукција на вретенарот Zingel balcanicus (Karaman, 1937) во водите на Република Македонија. По завршувањето на проектот за заштита, ревитализација и реинтродукција на македонската пастрмка Salmo macedonicus (Karaman, 1924), за кој е оценето дека е успешно спроведен, проектот беше мултиплициран и преточен во нов проект за заштита на уште еден ендемичен вид риба во Република Македонија вретенар Zingel balcanicus (Karaman, 1937), кој е карактеристичен за сливот на реката Вардар. 5

I ДЕЛ МАКЕДОНСКА ПАСТРМКА Salmo macedonicus (Караман, 1924) Основни податоци за македонската пастрмка Македонската пастрмка Salmo macedonicus (Караман, 1924) е еден од нашите ендемични видови риба, дел од богатата биолошка разновидност и природно богатство на нашата земја. Распростанета е во студените планински потоци и реки со чиста бистра вода богата со кислород. Природен ареал на распространување: Горниот тек на реката Вардар со притоките: Лакавица, Маздрача, Боговињска Река, Пена и Бистрица, како и другите притоки на Вардар: Треска, со притоките Беличка и Мала Река, Лепенец, Пчиња, и горниот тек на реката Брегалница. Извесно е нејзиното присуство и во реките Бошава и Дошница. Македонска пастрмка Salmo macedonicus (Karaman, 1924) Опис: Главата на македонската пастрмка е прилично долга и шилеста, устата е длабоко всечена. Горната вилица е тесна и достигнува до под задниот раб на окото. Бојата на телото е карактеристична, потемна. Црвените дамки, присутни кај повеќе салмониди, овде отсуствуваат. Наместо нив кај македонската пастрмка се срет- 7

нуваат темноцрвени, до бордо, петна, расфрлени по телото, освен по грбот. Официјален податок за максимални вредности за должина и тежина на македонската пастрмка нема. Има податоци за уловени примероци со маса од над 10 kg и должина од над 90 cm. Се смета дека максималните димензии и максималната маса што може да ги постигне македонската пастрмка се многу над погоре споменатите вредности. Биолошки карактеристики: За живот македонската пастрмка бара песокливо и каменесто дно. Половата зрелост кај женките настапува во третата или четвртата година, а кај мажјаците може и во втората. Плодноста изнесува 1000 до 2000 зрна икра по килограм телесна маса на женката. Во периодот на мрестење се јавува полов диморфизам. Рибата се мрести обично во периодот ноември јануари, во зависност од термиката на водата. Женката икрата ја исфрла на плитки места со силно струење на водата и на песочно-каменеста подлога. Македонската пастрмка е месојад и примарен предатор. Се храни со риби (особено покрупните примероци), со личинки од водни инсекти, со инсекти, со икра од други риби, со жаби, полноглавци, црви итн. Значење: Значајна е од аспект на рекреативен риболов. Македонската пастрмка е високоатрактивен вид за риболов. Се лови со вештачки мамки (мушичка, воблер, блинкери), како и со мамки од животинско потекло (личинки, црви и др.). Во годините пред спроведувањето на проектните активности популацијата на македонската пастрмка во водите на Република Македонија била драстично намалена. Една од причините за намалувањето на нејзината популација, па дури и исчезнување во некои од водите во кои постоела, е тоа што многу години била објект на експлоатација и се ловела во неконтролирани количини. За риболов е дозволено користење трска и мамец, но се користат и голем број недозволени средства: мрежи, ости, средства за зашеметување, струја, па дури и динамит и отрови. Со цел да се одржи одредена популација на пастрмка за риболов, многу години пастрмските води се порибувани со неавтохтони видови пастрмка, па и такви кои биле увезени од странство. Постојат сознанија дека реките се порибувани и со интродуцирана калифорниска пастрмка. Покрај тоа, одредени количини калифорниска пастрмка редовно бегаат од рибниците кои се наоѓаат во горниот тек на реките Вардар и Треска, што дополнително влијае негативно на популацијата на македонската пастрмка. Факт е дека многу години наназад не се водела грижа за овој наш карактеристичен и значаен дел на рибната фауна. 8

Поради гореизнесеното, популацијата на македонската пастрмка во риболовните ревири во Република Македонија драстично била намалена, дури се доведувало во прашање нејзиното понатамошно опстанување. За проектните активности Со спроведените проекти беа опфатени: горниот тек на реката Вардар со притоките Лакавица, Маздрача, Боговињска Река, Пена и Бистрица, потоа реките Треска (со притоките), Лепенец, Пчиња, Крива Река, Кочанска Река, Злетовска Река, Брегалница, Каменичка Река и Абланица, како и акумулациите Козјак, Матка, Ратевска-Беровска, Гратче, Лисиче, Злетовица (Кнежево), Липково, Глажња и Калиманци. Во рамките на овие проектни активности се ловеа матици од риболовните води во Република Македонија, со цел да се формира матично јато. Уловените матици се транспортираа во мрестилиштето Шум во Струга, каде се чуваа. Од уловените матици и формираното матично јато се произведе икра, личинки и подмладок на македонска пастрмка со кој се изврши порибување на повеќе риболовни ревири. Интерес за проектните активности имаа риболовните друштва од територијата на РМ и секако, Македонската риболовна федерација и сите риболовци во РМ. Посебен интерес за проектните активности имаше и има Заводот за рибарство при Институтот за сточарство кој, поставувајќи се како партнер во изведувањето на проектот, формира матично јато на македонска пастрмка. Главна цел Главната цел на проектот беше да се заштити од исчезнување автохтоната и ендемична македонска пастрмка Salmo macedonicus (Karaman, 1924), преку нејзино ревитализирање во водите во кои нејзината популација беше намалена, како и реинтродукција во водите од кои таа беше исчезната. Специфични цели Целта на проектот беше постигната преку следниве специфични цели: формирање матично јато на македонска пастрмка и негово зголемување во наредните години; 9

создавање подмладок на македонска пастрмка и одгледување до возраст од 6 до 9 месеци; порибување на риболовните води во РМ со македонска пастрмка. Активности Подготовка за спроведување на проектот. Организирање и изведување на изловот на репродуктивно зрели машки и женски единки (матици). Транспорт на репродуктивно зрели машки и женски единки (матици) до мрестилиштето Шум. Вештачки мрест. Инкубирање на оплодената икра. Одгледување на личинките и подмладокот. Порибување. Спроведување на проектните активности 1. Подготовка Подготовката за спроведување на проектот опфаќаше организација и обезбедување потребна опрема. Во организациониот дел беа дефинирани учесниците, нивните задолженија и обврски, беше направен распоред и план за изведување на активностите со временска рамка. Обезбедени беа потребните дозволи за риболов, а за планираните активности уредно беа известени како Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, така и Државниот инспекторат за земјоделство. Набавени беа сите потребни средства и опрема за риболовот на пастрмката (неопренски и гумени одела, неопренски чорапи и ракавици, рачни мрежи (ќепчиња), десетина чуварки за риби и друг ситен прибор: кофи, канти, најлонски кеси и друго, како и теренско возило TOYOTA HILUX за транспорт на риба во жива состојба. Од страна на Институтот за сточарство при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје беше обезбедена и ставена на располагање потребната опрема за електрориболов, и тоа: електроагрегати Еlektrofisher Samus 725M и Samus 725G, чамец Fisher 405 со вонкрмен мотор Mercurry 20, акумулаторски батерии, канистер за транспорт на риба во жива состојба со систем за аерација, како и дел од 10

инкубаторите и базените за одгледување подмладок и матици во мрестилиштето Шум во Струга. Откако беа во целост завршени подготвителните и планирачките активности, екипата под раководство на проф. д-р Васил Костов ги организираше и ги изведе теренските активности. Беличка Река Мала Река Изведување на електрориболов 11

Маркирање (обележување) на уловените матици Екипата која го изведуваше риболовот 2. Организирање и изведување на риболов на репродуктивно зрели машки и женски единки (матици) За оваа цел се организира ловење на полово зрели машки и женски единки од македонската пастрмка во повеќе риболовни води, и тоа: Беличка Река од нејзиниот влив во реката Треска, па спроти текот на реката до селото Белица над последниот (првиот гледајќи оддолу) рибник за калифорниска пастрмка. Мала Река на потегот над Самоков. Треска на потегот 200 250 метри спроти текот на реката и 200 250 метри низводно од мостот кај селото Другово во општината Кичево. Вардар на потегот од селото Вруток до селото Равен. Лакавица на потегот од мостот кај селото Лакавица до самото село. Еден од најголемите проблеми при реализирањето на проектните активности беше дефинирањето на термините за транспорт на матиците со специјализирано возило. Македонската риболовна федерација, партнерите во проектот, ниту Институтот за сточарство Завод за рибарство, не поседуваа сопствено возило за транспорт на жива риба. За транспорт на жива риба (матици и подмладок за порибување) мораше да се најмува возило. За секој транспорт мораше да се одвојуваат значителни парични средства за да се плати за услугата, со тоа транспортот на риба се претвори во значителна ставка на непланирани трошоци. Покрај тоа, екипата беше целосно зависна и мораше да се приспособува според можностите и распоре- 12

дот на сопственикот на возилото. Неретко се случуваше планираните теренски активности да бидат презакажувани поради откажување на сопственикот на возилото за транспорт на жива риба. Возила со кои се вршеше транспортот на учесниците во теренските активности и на матиците Матиците во првите моменти по внесувањето во мрестилиштето Шум под надзор на проф. д-р Васил Костов и Боро Јаневски На инсистирање и со голема заложба на проф. д-р Васил Костов и проф. д-р Раде Русевски проблемот со најмувањето на возило за транспорт на жива риба се реши во 2010 година со тоа што во рамките на проектот Реинтродукција на македонската пастрмка Salmo macedonicus (Karaman, 1924) во водите на Република Македонија се набави ново возило марка TOYOTA HILUX. Набавката на возилото беше финансирана од страна на ГЕФ ПМГ Македонија, а учество во изборот и обезбедувањето на гаранции и документација зедоа МРФ и УКИМ Институт за сточарство. Во документацијата на проектот беше дефинирано, во иднина, возилото за свои потреби 13

(порибување, транспорт на жива риба, изведување на акции за заштита на рибниот фонд, натпревари и друго), да го ползуваат УКИМ Институт за сточарство, Македонската Риболовна Федерација и ЗСРРК Вардар. Во проектната документација Миодраг Пешиќ и проф. д-р Васил Костов беа назначени за одговорни лица за ползувањето на возилото. Возило за траннспорт на риба во жива состојба TOYOTA HILUX, набвено по проектот 3. Вештачки мрест и инкубирање на оплодената икра Во самиот зафат на изведувањето на мрестот учествуваа вработените во мрестилиштето Шум во Струга, Боро Јаневски, Џевид Салиу и Зогу Белули, под раководство на проф. д-р Васил Костов. Во рамките на проектот беа измрестени матици од кои се добија над 120.000 оплодени икри на македонска пастрмка. Вештачки мрест на македонска пастрмка го изведуваат проф.д-р Васил Костов и Боро Јаневски 14

Прво беа молзени женските матици. Икрата се префрлаше во пластичен сад, а потоа се молзеа машките матици. По молзењето на сите матици икрата и млечот се мешаа на суво и потоа се додаваше вода. Во тој момент започнува процесот на оплодување на икрата. Оплодената икра беше заредувана во инкубатори во мрестилиштето за инкубирање. До излупување на првите личинки икрата секојдневно се негуваше и се отстрануваа мртвите икри. Измолзена икра Молзење на мажјаците Оплодување на икрата. Заредување на оплодената икра Оплодена икра на инкубација во инкубатор 15

4. Одгледување на личинките и подмладокот По излупувањето на икрата појавените личинки беа префрлани во базени за одгледување, каде што остануваа до возраст од приближно девет месеци. Во овој период тие беа хранети со стартери за пастрмка, а истовремено беа и постојано надбљудувани од стручна екипа. Префрлувањето на излупените личинки од инкубаторите во поголемите базени за одгледување, хранењето и надбљудувањето ги вршеа вработените во мрестилиштето Шум. Во текот на целиот период на одгледувањето на подмладокот, сè до неговото пуштање во водите на Република Македонија, беа применувани сите потребни санитарни и ихтиотехнички мерки, имајќи го предвид фактот дека евентуална појава на паразити или бактериски заболувања би можела да предизвика смртност на личинките и подмладокот. Редовен преглед на оплодената икра проф. д-р В. Костов, проф. д-р Р. Русевски, Б. Јаневски, Џ. Салиу, З. Белули Освен третманот со дезинфекциски средства и антибиотици, редовно се изведуваше и чистење на базените од фекалии и неискористена храна. Привикнувањето на личинките на храната е најкритичната и најтешка фаза во одгледувањето на подмладокот. Тоа е период кога загубите во мрестилиштата се најголеми, така што ангажираноста на луѓето во овој период мораше да биде постојана. Во овој период е вршен редовен транспорт на храна, редовно се чистеа и дезинфицираа базените во кои се чуваа матиците и се одгледуваше подмладокот, и се селектираше подмладокот. Здравствената состојба на рибите беше редовно следена и редовно беа испраќани примероци за анализа во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. За порибување во риболов- 16

ните води подмладокот мора да биде обезбеден со документ за здравствена исправност. Македонска пастрмка во различни стадиуми од развојот: од личинка до одгледан подмладок подготвен за порибување 5. Порибувања на риболовните води Во текот на траењето на проектните активности со одгледаниот подмладок на македонска пастрмка се извршени порибувања на повеќе риболовни води во Република Македонија. Значајно е да се споменат порибувањата на: реките Треска, Беличка Река и Мала Река, со повеќе од 10.000 единки; акумулацијата Матка, со над 18.000 единки; 17

реката Вардар со притоките во гостиварскиот и тетовскиот регион, и тоа: реките Лакавица, Маздрача, Теарска Бистрица, Дуф и Боговињска Река, со приближно 10.000 единки; акумулациите Липково и Глажња, со 8.000 единки; акумулацијата Калиманци, со приближно 10.000 единки; акумулацијата Лисиче, со приближно 10.000 единки; реката Пчиња кај селото Пелинце, со над 3.000 единки; акумулацијата Козјак, со над 8.000 единки; риболовните ревири на Кичево и Македонски Брод: реката Треска кај село Извор, реката Студенчица, акумулацијата Кичево, реката Треска под Македонски Брод и на вливот на реката Пешница во реката Треска, со над 10.000 единки;. акумулацијата Злетовица и Злетовска Река, со над 12.000 единки; Крива Река, со над 12.000 единки. Порибени риболовни води во Република Македонија 18

Порибување на реката Треска кај Македонски Брод Порибување на акумулацијата Матка Порибување на акумулацијата Калиманци Порибување на акумулациите Липково и Глажња 19

Порибување на Теарешка Бистрица Порибување на реката Вардар со притоките во гостиварскиот регион Порибување на реката Вардар со притоките во тетовскиот регион Порибување на акумулацијата Лисиче 20

Порибување на акумулацијата Козјак Порибување на реката Пчиња Порибување на реката Треска кај селото Извор Порибување на реката Студенчица 21

Порибување на акумулацијата Злетовица и Злетовска Река Порибување на Крива Река 22

Порибување на акумулацијата Кичево Порибување на реката Треска под Македонски Брод Екипа којашто учествуваше во порибувањето на риболовните ревири на Кичево и Македонски Брод 23

РЕЗИМЕ Општ впечаток на сите кои беа инволвирани во проектот, а особено на оние кои беа директни учесници во неговото изготвување и реализација: дипл. инж. Миодраг Пешиќ координатор на проектот, проф. д-р Васил Костов консултант, проф. д-р Раде Русевски консултант, вет. д-р Ивица Панчевски консултант, Кире Иваноски асистент, како и на претставниците на риболовните здруженија учесници во проектот, беше дека реализираниот проект е целосно успешен, и дека се реализирани сите предвидени проектни активности. Во рамките на проектните активности се уловени матици, формирано е матично јато и извршен е вештачки мрест, при што се добиени приближно 120.000 единки македонска пастрмка со кои се порибени водите за кои постоеше реална опасност еден автохтон вид на риба да исчезне. Презентација на достигнувањата и резултатите од спроведениот проект пред присутните гости и новинари Треба да се напомни дека од првичното матично јато уловено во рамките на овие проектни активности и подмладокот добиен од него, денес во мрестилиштето Шум во Струга се наоѓаат матици од кои се произведува подмладок за порибување на риболовните води во Република Македонија. Риболовните води во РМ сè уште се порибуваат со автохтона македонска пастрмка благодарение на изведениот проект. 24

Непобитен е фактот дека риболовните води во Република Македонија денес се значително побогати со еден автохтон и ендемичен вид риба, на кој веќе не му се заканува опасноста од исчезнување. Значење Проектните активности овозможија заштита на македонската пастрмка од исчезнување, зголемување на нејзината популација во целиот тек на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Света Петка и Козјак, како и реинтродукција на овој вид пастрмка во водите каде што некогаш живеела: горниот тек на реката Вардар, реките Лепенец, Пчиња, Крива Река и Брегалница со притоките и други. Исто така, проектните активности, освен придонесот за заштитата на македонската пастрмка како дел од нашето богато природно наследство, дадоа голем придонес и за збогатување на туристичката понуда овозможувајќи развој и промовирање на висококвалитетен рекреативен и спортски риболов, кој може да се развива во успешен вид туризам, локално базиран и економски исплатлив. 25

II ДЕЛ ВРЕТЕНАР Zingel balcanicus (Karaman, 1937) Основни податоци за вретенарот Вретенарот е автохтон и ендемичен вид риба, којa живее во водите кои и припаѓаат на Република Македонија. Тој е најмал вид риба од фамилијата Percidae, со должина до 15 cm. Негови сродници кои живеат во нашата земја се перкијата односно костреш (Perca fluviatilis) и смуѓот (Sander lucioperca). Zingel balcanicus (Karaman, 1937) Вретенарот досега не бил предмет на ниту едно научно истражување, ниту на наши ниту на истражувачи од странство. Од тие причини релевантни податоци за неговата биологија и екологија не постојат. Она што се пишува за него е извлечено како констатација врз основа на биологијата на неговиот најблизок сродник, Zingel streber, кој живее во водите на западна Европа, во сливот на реките Дунав и Рона. Меѓу другото, дека за живот бара чисти, незагадени, 26

истечни води, со чакалесто и каменесто дно и дека е исклучително чувствителен на загадување и промена на условите на средината во која живее. Според црвената листа на IUCN, статусот на вретенарот Zingel balcanicus (Karaman, 1937), е неопределен (Data Deficient DD), додека најблискиот сродник на вретенарот, Zingel streber (Siebold, 1863), се води како критично загрозен вид (Critically Endangered CE). Вретенарот за прв пат e евидентиран од страна на Станко Караман во 1937 година, и тоа во реката Вардар. Караман го опишал вретенарот како Aspro streber balcanicus, подвид на видот кој живее во сливот на Дунав и Рона. Но уште тогаш забележал дека помеѓу рибите кои ги уловил од реката Вардар во Македонија и рибите од дунавскиот слив има морфолошки разлики. Присуството на вретенарот во водите на Вардар во минатото е потврдено и од страна на Олива во 1960 година и од Димовски и Групче во 1973. Мирче Наумовски во 1995 година пишува за вретенарот во својата книга и ја наведува реката Треска како еден од ареалите на негово распространување. Но не дава податоци за тоа кога, дали и во кој дел од речниот тек е евидентиран. Всушност го наведува како присутен врз основа на претходни сознанија. Денес, согласно новата таксономска класификација, вретенарот го носи латинското име Zingel balcanicus (Karaman, 1937); Во последните приближно четириесет години вретенарот не бил пронајден ниту при едно истражување од страна на ихтиолозите во Македонија, па се доведуваше во прашање неговото постоење. Имајќи предвид дека сите претставници на родот Zingel се извонредно чувствителни на загадување и на промени на условите во животната средина, од една страна, и нашата долгогодишна негрижа за нашето природно богатство, од друга страна, со право се доведуваше во прашање статусот на овој значаен (од научен и биолошки аспект) ендемичен вид риба. Со право се поставуваше пршањето дали во водите на нашата земја тој сè уште може да се најде, односно дали тој е во фаза на исчезнување или е веќе исчезнат. Ова беше предизвикот за активистите на Македонската риболовна федерација да се ангажираат и да планираат проектни активности кои би се насочиле во правец на негово пронаоѓање и заштита доколку биде пронајден. 27

За проектните активности Проектните активности се одвиваа во две фази. Првата фаза беше во рамките на проектен грант финансиран од страна на Глобалниот еколошки фонд Програма за мали грантови (ГЕФ ПМГ), а со основна цел да се заклучи дали видот сè уште постои во некои од водите во нашата земја или е во групата на исчезнати видови. Втората фаза опфати активности за негова заштита откако беше откриена изолирана популација во водите на реката Треска. Проектните активности се одвиваа во рамките на проект финансиран од ГЕФ ПМГ на Македонија. Во текстот кој следи, заради поголема прегледност, резултатите ќе бидат прикажани сепаратно иако станува збор за меѓусебно поврзани и причинско-последично зависни активности, кои генерално претставуваат една интегрална целина. Прва фаза Потрага по вретенарот Првиот дел од проектните активности насочен во правец на пронаоѓање на популација на вретенар во водите на РМ го доби скратениот назив ВО ПОТРАГА ПО ВРЕТЕНАРОТ. Главна цел Главната цел на проектот беше да се утврди статусот на вретенарот во нашите води, односно дали тој сè уште живее во некој дел од нашите водотеци или е веќе исчезнат. Специфични цели Главната цел на проектот беше постигната преку следниве специфични цели: Потрага по вретенарот Zingel balcanicus (Karaman, 1937) во водите каде некогаш бил регистриран. Одредување на еколошкиот статус на вретенарот Zingel balcanicus (Karaman, 1937). Предвидување и спроведување на мерки и дополнителни активности за негова заштита и ревитализација на неговата популација. 28

Активности 1. Обезбедување и набавка на опрема За изведувањето на активностите за овој планиран грант беше обезбедена соодветна опрема. Институтот за сточарство Одделението за рибарство повторно ги стави на располагање специјалните агрегати за риболов Samus 725M и Samus 725G, придружната опрема и обезбеди соодветни дозволи од ресорното министерство за непречено изведување на планираните активности. За изведување на активностите беше ползуван дел од опремата (неопренски одела, неопренски чорапи и ракавици) набавена од страна на Македонската риболовна федерација (МРФ) и УКИМ Институт за сточарство, во рамките на проектните активности за заштита, ревитализација и реинтродукција на македонската пастрмка Salmo macedonicus (Karaman, 1924) во водите на Р. Македонија. Македонска риболовна федерација, покрај горенаведените, ги стави на располагање и сите средства набавени во претходните проекти (буриња, кофи, леѓени, цедилки и друг ситен инвентар), а набавени беа нови ќепчиња и мрежи. 2. Организирање и изведување на ловењето Во оваа фаза беа организирани теренски активности со посета на сите локалитети каде во минатото било регистрирано присуство на вретенарот со органзирање и изведување на електрориболов. Исто така се организираше и се изведе електрориболов и на сите водотеци каде, согласно условите на средината (квалитет на водата, хидрографски карактеристики, состав на супстратот и др.), се претпоставуваше дека би можело да се најде вретенарот. Ловењето го изведуваше екипа под раководство на проф. д-р Васил Костов, консултант и координатор на теренските активности, претставник од овластена институција за изведување активности од областа на рибарството (УКИМ Институт за сточарство Завод за рибарство од Скопје). Во екипата учествуваа: активисти на Македонската риболовна федерација, активисти на локалните риболовни здруженија во чиј риболовен ревир беа организирани електрориболовите, вработени во Заводот за рибарство при Институтот за сточарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. професори, соработници и студенти од Природно-математичкиот факултет во Скопје. 29

На реката Пчиња, која спаѓа во групата меѓународни води, учестввуваше и екипа од Природно-математичкиот факултет Одделението за биологија при Унверзитетот во Нови Сад. Екипата за теренските истражувања се формираше непосредно пред секое излегување на терен. Проф. д-р Костов со соработници и студенти од ПМФ од Скопје и ПМФ од Нови Сад Екипата на Институтот за сточарство Завод за рибарство од Скопје Екипа при електрориболов 30

Кирил Нацевски, Миодраг Пешиќ и Велијан Јагев, активисти на МРФ Сите излегувања на терен со дефинирање на датумот и местото каде е изведуван електрориболовот се претставени хронолошки во текстот што следи. 1. 6. 2012 година: Риболовот е изведуван на реката Вардар во регионот на Демир Капија. 3. 6. 2012 година: Риболовот е изведуван на реката Бошавица од вливот во реката Вардар, спроти текот на потег од приближно 3 километри на реката. 5. 6. 2012 година: Риболовот е изведуван на реката Вардар кај Неготино. 10. 6. 2012 година: Риболовот е изведуван на потегот од вливот на Црна Река во реката Вардар до браната Тиквеш. 13. 6. 2012 година: Риболовот е изведуван на реката Пчиња од вливот во реката Вардар до село Коњаре. 20. 6. 2012 година: Риболовот е изведуван на реката Треска од изворот па сè до градот Кичево. 29. 6. 2012 година: Риболовот е изведуван на дел од реката Вардар од граничниот појас до пред Гевгелија. 10 12. 8. 2012 година: Риболовот е изведуван на Црна Река и тоа од изворишниот дел до селото Бучин. 2. 9. 2012 година: Риболовот е изведуван на реката Пчиња кај се - бија. 7. 10. 2012 година: Риболовот е изведуван на реката Бабуна, поаѓајќи од вливот во реката Вардар. 12 14. 10. 2012 година: Риболовот е изведуван на реката Треска на потегот од Кичево до Македонски Брод. 16. 10. 2012 година: Риболовот е изведуван на реката Брегалница во реонот на градот Штип. 18. 10. 2012 година: Риболовот е изведуван на Крива Река на делот пред и под градот Крива Паланка. 31

Профил на реката Вардар кај Демир Капија Профил на реката Бошавица Профил на реката Вардар кај Неготино Профил на Црна Река пред вливот во Вардар Профил на реката Пчиња пред вливот во Вардар Профил на реката Треска во изворишниот дел Профил на реката Вардар во делот кај Гевгелија Профил на Црна Река во изворишниот дел 32

Профил на реката Пчиња кај Катланово Профил на реката Бабуна Профил на реката Треска Профили на реката Брегалница Профили на Крива Река пред и под градот Крива Паланка Профили на риболовни води во Република Македонија каде беше баран вретенарот 33

Во сите направени акции во периодот од 1 јуни до 18 октомври 2012 година не беше уловен ниту еден примерок од вретенарот Zingel balcanicus (Karaman, 1937). Во текот на целата година додека траеја теренските истражувања, беше направена и опсежна кампања во која се бараа информации за вретенарот од локалните рекреативни риболовци и од членови на сите риболовни здруженија во земјава. Повеќе пати се добиени сигурни сведоштва и информации дека вретенарот е виден во одредена вода, па таму потоа и се ловеше. Меѓутоа, се покажа дека рекреативните риболовци многу чество вретенарот го заменуваа со друг вид риба. Согласно описот кој им се даваше, најчесто нè упатуваа на други видови риба, и тоа: штипалка, кркушка, виун и други. На почетокот на месец октомври 2012 година добивме информација дека рекреативни риболовци, членови на риболовното здружение Рибар 2011, на потегот на реката Треска, пред вливот во акумулацијата Козјак имаат уловено непознато рипче кое одговара на описот кој им беше даден за вретенарот. Ни беше испратена и фотографија која со сигурност потврди дека станува збор за вретенарот. Профили на реката Треска на кои се уловени примероците на вретенар 34

На 25. 10. 2012 година беше организирано излегување на терен на реката Треска на потегот од Македонски Брод до вливот во акумулацијата Козјак. Беше ловено непосредно под Македонски Брод, а потоа на уште четири профили во продолжение кон акумулацијата. На потегот пред селото Манастирец, веќе на самрак, во моменти кога екипата беше веќе прилично уморна и разочарана дека и овој лов нема да даде резултат, во кепчето се најде првиот примерок на вретенар. Возбудата беше огромна. Со батериски ламби на главите екипата продолжи да лови ноќе и во наредните неколку часа беа уловени уште 10 примероци на вретенар. Ловот го вршеше екипа во состав проф. д-р Васил Костов, Кирил Нацевски, Велијан Јагев и Зоран Ристоски. Втора фаза Заштита и реинтродукција на вретенарот Со оглед дека во првата фаза е докажано присуството на вретенарот во водите во Република Македонија, и тоа на многу ограничен дел од реката Треска, на потегот кај селото Манастирец, се отворија нови перспективи и можности за нови проекти и акции кои ќе имаат за цел спроведување на конкретни мерки во правец на заштитата, ревитализацијата и реинтродукцијата на вретенарот во водите на Република Македонија. Македонската риболовна федерација во јули 2013 година поднесе апликација до ГЕФ ПМГ за финансирање на проект насловен Ех-situ заштита и реинтродукција на вретенарот Zingel balcanicus (Karaman, 1937) во водите на Република Македонија. Главна цел Главната цел на новиот проект беше да се заштити од исчезнување овој значаен ендемичен вид риба. Специфични цели на проектот Вретенарот да се зачува во контролирани услови. Да се направи обид за негово мрестење. Доколку добиеме потомство, да се изврши негова реинтродукција. 35

Активности и постигнати резултати 1. Подготовка и ловење Оваа фаза значеше подготовка за изведување на проектот. Таа опфати обнова, набавка и обезбедување на потребната опрема и ловење на полово зрели примероци на вретенар на делот на водотекот каде што е регистрирано неговото постоење. Набавени беа сите потребни средства и опрема за изведување на ловот на вретенарот, и тоа: неопренски одела, рачни мрежи (кепчиња), десетина чуварки за риби и друг ситен прибор (кофи, канти, најлонски кеси и друго) Од страна на УКИМ Институт за сточарство повторно беше обезбедена и ставена на располагање потребната опрема за електрориболов, како и опрема со систем за аерација за транспорт на риба во жива состојба. Слив на реката Треска каде е ловен вретенарот 36

Од страна на Институтот беа обезбедени и потребните дозволи за изведување на риболов од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Министерството, како и Државниот инспекторат за земјоделство уредно и навремено беа известувани за планираните активности. Откако беа во целост завршени подготвителните и планираните активности, екипата пристапи кон организирање на ловот на вретенарот. Живеалиште на вретенарот, место со специфични карактеристики на коритото и дното Екипа на терен при лов на вретенарот Уловени примероци на вретенар 37

Се ловеше на повеќе локалитети по текот на реката Треска на потегот од Македонски Брод до вливот на реката во акумулацијата Козјак. Ловењето го организираше и изведуваше екипа во состав: Кирил Нацевски, Миодраг Пешиќ, Васил Костов, Милица Ристовска, Јулијана Арсовска, Зоран Ристоски, Менче Митковска, Ирина Ушлиновска, а најчесто беа присутни и членови на локалното риболовно здружение од Македонски Брод. Во текот на изловот беа уловени вкупно 11 единки на вретенар, од кои 5 женки и 6 машки единки. 2. Транспорт Уловените единки на вретенар се транспортирани од местото на улов до инсталациите на мрестилиштето Шум во Струга. Транспортот се изведеше со товарно возило Тојота Хилукс кое е набавено во рамките на еден од претходните проекти кофинансирани од Глобалниот еколошки фонд ГЕФ (Global Environment Facility) Програма за мали грантови ПМГ (Small Grants Programme SGP). Рибите беа сместени во транспортен канистер со систем за аерација, сопственост на Институтот за сточарство при УКИМ и беа третирани за време на целиот пат со течен кислород. Транспортот на рибите беше успешно изведен, без никакви загуби. 3. Создавање услови за чување Вретенари подготвени за транспорт Пред донесувањето на уловените единки на вретенар, во мрестилиштето беа создадени услови за чување и одгледување на рибите. Се настојуваше да се обезбедат услови кои ќе бидат приближно исти со условите во кои вретенарот природно живее. За таа цел, наместо првично планираните одводни канали од акумулацијата Шум, кои поминуваат низ репроцентарот, беа ползувани бетон- 38

ските базени кои се наоѓаат во дворот на мрестилиштето. Дното на базените беше посипано со чакал и ситни камења, а беа обезбедени и поставени и големи камења. Базените беа оградени со мрежа. За да се одржува одредено и постојано ниво на водата во базените, на испустните делови на базените беа поставени прегради, а на самиот испуст заштитни мрежи со цел да се оневозможи бегање на рибите од базенот. Се порача поставување на електробариера. Се набавија две потопни пумпи со гумени црева и се вградија заштитни решетки за да не се дозволи примероци од вретенарот да избегаат од одгледувачките бетонски базени. Бетонски базени во мрестилиштето Шум во Струга Вретенарот во своето ново живеалиште во мрестилиштето Шум во Струга 39

Во мрестилиштето беше организирана и 24-часовна чуварска служба. Во оваа активност учествуваа Институтот за сточарство и локалното здружение Риболовно-еколошко друштво Езеро Шум 2010, коишто ја обезбедија чуварската служба. Оваа активност беше успешно изведена и во мрестилиштето Шум во Струга беа создадени услови за чување и одгледување на вретенарот. Уловените единки вретенар беа успешно внесени во своето ново живеалиште на 19 март 2014 година. 4. Одгледување Од моментот кога рибите беа внесени во одгледувачките бетонски базени започна и активноста одгледување. Во оваа активност рибите се адаптираа на новата средина и соодветно се хранеа. Исхраната започна со природна храна, и тоа ракчиња и личинки на инсекти кои природно ги има во акумулацијата Шум. Тие се ловеа од акумулацијата и од системите за довод и одвод на вода во местилиштето. Во првите неколку дена рибите ја одбиваа храната. Првото консумирање на понудената природна храна беше констатирано од страна на вработените во мрестилиштето по една недела од внесувањето на рибите во базените. Од тој момент рибите продолжија да ја консумираат понудената природна храна и во наредниот период. Откако сите единки во базенот почнаа успешно да се хранат, во исхраната беше воведена и вештачка храна. На рибите им се понуди и екструдирана вештачка храна за риби. Со додавање на храна за риби се продолжи во текот на целиот период. Беше констатирано дека вретенарот многу малку или воопшто не ја консумира понудената вештачка храна, што на старт претставуваше определен проблем затоа што вработените во мрестилиштето беа приморани за целиот период да ловат ракчиња и личинки од инсекти од акумулацијата. Во мрестилиштето беа дополнително ангажирани лица со задача да ги прихрануваат рибите во строго дефинирани временски интервали и со строго дефинирана количина на храна. Автоматски хранилки се инсталираа, но малку се ползуваа од причина што вретенарот не ја примаше понудената вештачка храна. Основната цел на оваа активност беше да се зачуваат во жива состојба донесените примероци, тие да се навикнат на исхрана во контролирани услови и да им се создадат услови за нормален растеж и развиток. Од донесените 11 примероци оваа фаза ја преживеаја 9 единки. Две единки умреа во првите десетина дена по внесувањето во одгледувачките базени. Причината за смрт не може- 40

ше да се дефинира. Рибите немаа никакви видливи промени на телото, жабрите или внатрешните органи. 5. Размножување Оваа активност, покрај тоа што е круцијална и можеби најважна во настојувањето да се реинтродуцира вретенарот во водите во кои некогаш живеел, беше наедно и најсложената, најосетливата и најтешката фаза. Првичен обид да се репродуцираат единките се направи со тоа што се обезбедија потребните предуслови за изведување на природен мрест. Мрестот не успеа и зрелите единки не се измрестија. Компаративно следејќи ги амбиенталните услови, температурата на водата во река Треска на местото каде што рибите се уловени и температурата на водата во базените на мрестилиштето, беше заклучено дека не е постигната оптималната температура за мрест на вретенарот. За појаснување: Температурата на водата која доаѓа во мрестилиштето е константна и непроменлива и се движи во границите од 9 о С до 10,5 о С. Температурата на реката Треска во пролетно-летниот период, кога и се изведува природниот мрест на вретенарот, се искачува на 14 о С, а на определени места и на 16 о С. Во мрестилиштето не е постигната таа температура и тоа е можеби една од причините за неуспешно изведување на мрестот. Основен сериозен проблем кој се појави во текот на одгледувањето на вретенарот беше и загадувањето на водата во езерото од страна на угостителскиот објект диво изграден на брегот на езерото. Загадената вода во интервали влегуваше во мрестилиштето и предизвика помор кај пастрмката, а настрадаа и повеќе единки на вретенарот. Ова нешто никој не можеше да го предвиди кога проектот беше аплициран и беа планирани активностите. Покрената е постапка со која се бара забрана за работа на ресторанот кој се наоѓа на брегот на езерото, а во меѓувреме се спроведени активности кои ќе ја превенираат состојбата. Преадаптирани и целосно репарирани се два бетонски базени во мрестилиштето. Предвидена е можност за догревање, рециркулирање и филтрирање на водата, како и можност за контрола на квалитетот на водата, со што ќе се овозможи дополнително време за интервенција доколку дојде до ново загадување. Напоредно со овие активности, Институтот за сточарство при УКИМ подготви голем аквариум, два пластични и два бетонски базени со целосен рециркулирачки систем како алтернативно живеалиште за вретенарот во наредниот период. 41

6. Резиме Општ впечаток на сите кои на некој начин беа инволвирани во реализацијата на првата фаза од проектот, а особено на оние кои беа директни учесници, е дека првата фаза е целосно успешна. Постигната е примарната цел и пронајдена е изолирана популација од овој автохтон и ендемичен вид риба кој во последните приближно четириесет години не е пронајден ниту при едно истражување од страна на ихтиолозите во Република Македонија. Во текот на 10-те месеци, колку што траеше првата фаза, реализирани се сите планирани активности и дефинирано е присуство на вретенарот Zingel balcanicus (Karaman, 1937) во водите во Република Македонија, што претставуваше големо охрабрување за продолжување на овој проект. Со оглед на фактот дека од сите улови во реките Вардар, Крива Река, Пчиња, Бошавица, Бабуна, Црна Река, Брегалница и Треска, присуство на вретенарот е регистрирано само во водите на реката Треска, и тоа на многу ограничен дел од реката, еколошкиот статус на вретенарот би се одредил како критично загрозен до загрозен пред исчезнување. Што се однесува до втората фаза, сметаме дека со постигнатите резултати во најголем дел, но не целосно, се остварија зацртаните цели. Создадени се услови за чување и одгледување на вретенарот во контролирани услови и за негова исхрана, но не се создадени услови за негова успешна репродукција. Задача која ќе мора да се реализира во наредниот период. Факти, закани и опасности Непобитен факт е дека вретенарот е вид риба кој постои и егзистира на еден исклучително ограничен простор по текот на реката Треска. Со голема доза на сигурност може да се тврди дека од водите на реката Вардар е веќе исчезнат. Долгогодишната изолација на целиот поречки крај е причината и среќната околност која довела до опстанок на видот. Меѓутоа, денес тој дел од ден на ден станува сè пооптоварен и пофрекфентен, а реката Треска е под силен антропоген притисок кој постојано се зголемува. Сè поголемото отворање на регионот и развојните програми на општината Македонски Брод, зголемувањето на фрекфентноста на движење на луѓе и возила, секако се ризични 42

фактори кои во блиска иднина можат да доведат до уништување на единственото живеалиште на вретенарот. Со изградбата на акумулацијата Козјак голем дел од живеалиштето на вретенарот, по текот на реката Треска, во должина од над 35 km, е потопен и уништен; Во реката Треска, пред акумулацијата Козјак, покрај отпадните води од Кичево и Македонски Брод, се влеваат и отпадните води од седум рибници, меѓу кои има два од групата на најголеми рибници во Република Македонија. Постои реална закана како резултат на урбанизацијата, промените на живеалиштето на вретенарот, зголемениот притисок од страна на човекот и загадувањето, вретенарот да исчезне и од водите на р. Треска, а со тоа да стане четиринаесеттиот исчезнат вид слатководна риба од Земјината топка Следни планови и задачи за иднина Се предвидува во наредниот период да се одвиваат следните активности: Ќе се продолжи со активностите во правец на успешна репродукција на вретенарот во контролирани услови, Ќе се изучува популацијата на вретенарот во реката Треска. Ќе се истражуваат биологијата на видот, репродуктивните карактеристики и однесувањето за време на мрест во природната средина, темпото на должинско и тежинско растење, исхраната, популационата динамика, дневната миграција, однесувањето, а ќе се следи и квалитетот на водата во реката Треска. Ќе се работи на едукација и подигање на еколошката свест на локалното население и на сите риболовци. Ќе се потенцира значењето на автохтоните и ендемичните видови риба. Ќе се алармира целата јавност за опасностите кои му се закануваат на овој наш ендемичен вид риба, Активистите на МРФ ќе спроведат кампања насочена кон локалната и државната власт со барање за почитување на законските обврски од страна на производителите на риби во рибници. Ќе се бара заострување на критериумите за квалитетот на водата која излегува од рибниците. Ќе се бара да биде исполнет критериумот квалитетот на водата на излезот од рибникот да биде идентичен со квалитетот на водата која влегува во рибникот. 43

Ќе се бара странски партнер за заеднички настап пред европските фондови наменети за финансирање на проекти за заштита на загрозените видови. РЕЗИМЕ И ЗАКЛУЧОК ОД СПРОВЕДЕНИТЕ ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ НА МРФ Македонската Риболовна Федерација во соработка со Институтот за сточарств Завод за рибарство при УКИМ, Градот Скопје, риболовните здруженија на територијата на РМ, а финансиски потпомогната од ГЕФ ПМГ, во периодот од 2008 до 2015 година успешно спроведе низа проектни активности во правец на заштита од исчезнување на два автохтони ендемични вида риба македонска пастрмка и вретенар. Главните цели на проектите кои ги реализираше Македонската риболовна федерација во изминатите години беа исполнети, а активностите успешно изведени. Водени од овој факт, активистите на Македонската риболовна федерација се горди на постигнатото и во иднина ќе продолжат со настојувањатра да дадат свој прилог и да имаат придонес во зачувувањето на автохтоната рибна популација во нашата земја. Со спроведување на активностите од проектите, покрај тоа што покажавме зрелост како здружение на граѓани кое има над 25.000 членови и дејствува во рамките на цела држава, покажуваме дека сме земја и научна јавност која е заинтересирана и загрижена за состојбата со природното богатство на земјата. 44

Основни податоци за учесниците во проектите Глобален еколошки фонд (ГЕФ) Програмата за мали грантови (ПМГ) Global Environment Facility Small Grants Programme (GEF SGP) Macedonia Адреса: улица Мајка Тереза 15/6 1000 Скопје тел/факс: +389 (0)2 310 99 56 e-mail: info@gefsgpmacedonia.org.mk www.gefsgpmacedonia.org.mk Основана во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани (невладини организации) во развиените земји во нивните активности за намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштита на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите / неразградливите органски загадувачи и спречување на деградацијата на земјиштето, истовремено генерирајќи одржлива егзистенција. Од своето постоење ПМГ има доделено над 14.000 грантови на над 12.000 заедници во 126 земји. Финансирана од ГЕФ како корелативна програма, Програмата за мали грантови (ПМГ) е спроведувана од УНДП и е извршувана од Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации УНОПС. Македонска риболовна федерација Адреса: булевар Кочо Рацин број 75, 1000 Скопје Телефон: +389 2 3164 539 Факс: +389 2 3164 509 E.mail: contact@mrf1952.mk www.mrf1952.mk // www.mrf.mk МРФ е формирана во 1952 година. Денес во МРФ членуваат 55 риболовни здруженија од Република Македонија со вкупно над 25.000 регистрирани членови риболовци. Активностите на федерацијата се транспарентни и произлегуваат од работата на нејзините органи: Собрание, Надзорна комисија, Управен одбор, како и комисии и помошни органи на УО. Основните цели се дефинирани во Статутот на МРФ и во Законот за рибарство и аквакултура. Покрај 45

дефинираните активности и цели, МРФ особено посветува внимание на: зголемување на рибниот фонд; заштита на водите и рибите во нив; заштита и унапредување на животната средина; издавање брошури и други стручно-информативни материјали. Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Институт за сточарство Завод за рибарство Адреса: бул. Илинден, 92-a, п. фах 207, 1000 Скопје, тел: +389 2 306 51 20 E-mail: mjas@ukim.edu.mk // inst.stoc.mk@gmail.com http://istoc.ukim.edu.mk // http://www.mjas.ukim.edu.mk/ Град Скопје Адреса: булевар Илинден бр. 82, 1000 Скопје тел: 02/3297 207 факс: 02/3116 169 email: gradonacalnik@skopje.gov.mk // cabinet@skopje.gov.mk www.skopje.gov.mk CIP Каталогизација во публикација, Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 639.2/21(497.7) КОСТОВ, Васил Македонска пастрмка и вретенар: Заштита, ревитализација и реинтродукција во водите на Рублика Мкедонија / Васил Костов, Миодраг Пешиќ. Скопје: Македонска риболовна федерација, 2015. 44 стр.: Илустр.; 21 см. ISBN 978-608-65826-0-9 1. Пешиќ, Миодраг (автор) a) Пастрмка Заштита Македонија б) Вретенар Заштита Македонија COBISS.MK ID 98484234 46